Со цел подобрување на услугите кон обврзниците на радиодифузна такса започна да функционира специјализиран шалтер на Управата за јавни приходи за давање на услуги поврзани со РДТ, лоциран на приземјето во зградата на Македонската радиотелевизија, соопшти денеска УЈП.
Оттаму посочуваат дека со отворањето на овој шалтер, кој почнал да финкционира од 23 март, граѓаните и фирмите ќе можат на една локација да ги користат услугите за РДТ на двете институции, на УЈП надлежна за утврдување и наплата на радиодифузната такса и на ЈП Македонска радиотелевизија (МРТ) надлежна за исправка и ажурирање на адресни и матични податоци на обврзник за радиодифузна такса.
– Целта на отворањето на Даночниот шалтер за РДТ, кој ќе работи секој ден од 08.30 до 18.00 и во саботите од 08.30 до 14.00 часот, е побрзо и поефикасно постапување по барањата и разрешување на состојбите со кои се соочуваат обврзниците на радиодифузна такса, како на пример издавање на копија од решение за РДТ (изгубено или непримено решение), доставување докази од обврзниците за извршени уплати со цел прекнижување, затворање на заостанатите долгови во решенијата или опомените кои им ги доставила УЈП, издавање на аналитичка картица и други услуги и информации поврзани со евиденцијата на РДТ, плаќањето и постапките за наплата кои ги спроведува УЈП – се вели во денешното соопштение од Управата за јавни приходи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство