| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Наводните гласачи од Пустец се турски студенти со легален престоj

Министерството за внатрешни работи по објавените информации во некои медиуми за наводните жители на Пустец излегло на терен за да ја утврди фактичката состојба

fotoop

Од МВР посочуваат дека станува збор за класична манипулација и црна изборна пропаганда на СДСМ.

– Во посочениот стан е утврдено дека сниманите лица се 20- и 21-годишни студенти од Дијарбекер, Турција со важечки турски патни исправи издадени во 2012 година. Двајцата Турци се со привремено живеалиште на таа адреса, а студираат во Република Македонија и поседуваат валидни дозволи, за кои аплицирале во декември минатата година – посочи помошник-министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.

Тој додаде дека бил извршен и разговор со сопственикот на станот, при што е утврдено дека тој склучил договор со пет лица, студенти од Турција, за престој во него. Бидејќи студентите не говорат македонски јазик, на разговор бил повикан претставник од Агенцијата за посредување при школување „Анадолу едукејшн“, кој потврдил дека лицата студираат тука и ги имаат сите потребни дозволи.

Имено, завчера во 18 часот на нивната врата дошле непознати лица, по што на едниот од студентите кој им отворил, му дале партиски пропаганден материјал од СДСМ. Потоа студентот ги зел, но ги искинал и фрлил во ѓубре бидејќи не ги разбира. Подоцна им заѕвониле други лица кои им ги поставуваме прашањата тајно снимајќи ги, а кои снимки се појавија во некои медиуми.

Покрај двајцата пронајдени студенти и останатите тројца пријавени Турци, исто така, студенти што живееле заедно со нив, при вчерашната проверка на полицијата во станот биле и двајца родители на студентите кои дошле да ги посетат, а исто така поседуваат валидни турски пасоши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top