| четврток, 6 декември 2018 |

Би било катастрофа Грциjа да излезе од еврозоната

Из­ле­гу­ва­ње­ на Гр­ци­ја од евро­зо­на­та би би­ло ка­та­стро­фа за грч­ка­та еко­но­ми­ја, ка­ко и за це­ла­та евро­зо­на. Ту­ка се ра­бо­ти за по­ве­ќе од са­мо за­ед­нич­ки мо­не­та­рен си­стем, се ра­бо­ти за ва­лут­на уни­ја. Ако ед­на зем­ја ја на­пу­шти уни­ја­та, па­за­рот вед­наш ќе поч­не да се пра­шу­ва ко­ја зем­ја ќе би­де след­на, а тоа би мо­же­ло да би­де по­че­ток на кра­јот

Во ин­терв­ју за „Шпи­гел“, евро­ко­ме­сарот за мо­не­тар­на по­ли­ти­ка, Пјер Мо­ско­ви­чи, збо­ру­ва за на­по­ри­те на Бри­сел за Гр­ци­ја да оста­не во евро­зо­на­та и зо­што ве­ру­ва де­ка из­ле­гу­ва­ње­то на Гр­ци­ја би би­ло ка­та­стро­фа­ за Евро­па.

 

ШПИГЕЛ: Гос­по­ди­не Мо­ско­ви­чи, зо­што не­кој би ве­ру­вал де­ка Вие, ка­ко евро­ко­ме­сар за мо­не­тар­на по­ли­ти­ка, ќе се за­ло­жу­ва­те за кри­те­ри­у­ми­те за ста­бил­ност на евро­то? До­де­ка бе­вте ми­ни­стер за фи­нан­сии во Па­риз, фран­цу­ски­от бу­џет­ски де­фи­цит се­ко­гаш бе­ше над доз­во­ле­ни­те три про­цен­ти.
МОСКОВИЧИ: Во пер­и­о­дот ме­ѓу 2012 -2013 го­ди­на, ко­га ста­пив на функ­ци­ја­та ми­ни­стер за фи­нан­сии, Фран­ци­ја го на­ма­ли сво­јот бу­џет­ски де­фи­цит од око­лу пет про­цен­ти од до­маш­ни­от бру­то-про­из­вод на 4,1 про­цен­ти и по­крај те­шка­та еко­ном­ска си­ту­а­ци­ја. Но, јас не сто­јам пред вас ка­ко фран­цу­ски ми­ни­стер за фи­нан­сии, ту­ку ка­ко евро­ко­ме­сар за мо­не­тар­на по­ли­ти­ка. Во оваа функ­ци­ја јас ги прет­ста­ву­вам ин­те­ре­си­те на Европ­ска­та уни­ја. До­не­су­вам од­лу­ки што мо­ра да би­дат одо­бре­ни од Ко­ле­џот на ко­ме­са­ри и што се зас­но­ва­ат на одре­де­ни пра­ви­ла. Мо­е­то по­ли­тич­ко ми­на­то­то не игра ни­ка­ква уло­га.

 

ШПИГЕЛ: Бе­вте при­лич­но по­пуст­лив во пре­го­во­ри­те за дол­гот со Гр­ци­ја и по­крај фа­ктот де­ка зем­ји­те-член­ки на евро­зо­на­та се од­го­вор­ни за па­ри­те што се да­де­ни на за­ем. Зо­што?
МОСКОВИЧИ: Ко­ми­си­ја­та пре­го­ва­ра­ше ка­ко че­сен по­сред­ник! Впро­чем, си­те ние во Евро­па се сог­ла­су­ва­ме де­ка из­ле­гу­ва­ње­то на Гр­ци­ја од евро­зо­на­та би би­ло ка­та­стро­фа за грч­ка­та еко­но­ми­ја, ка­ко и за це­ла­та евро­зо­на. Ту­ка се ра­бо­ти за по­ве­ќе од са­мо за­ед­нич­ки мо­не­та­рен си­стем, се ра­бо­ти за ва­лут­на уни­ја. Ако ед­на зем­ја ја на­пу­шти уни­ја­та, па­за­рот вед­наш ќе поч­не да се пра­шу­ва ко­ја зем­ја ќе би­де след­на, а тоа би мо­же­ло да би­де по­че­ток на кра­јот.

 

ШПИГЕЛ: Та­ков апо­ка­лип­ти­чен пог­лед зна­чи де­ка Гр­ци­те, ед­но­став­но, мо­же да про­дол­жат да до­ста­ву­ва­ат до­пол­ни­тел­ни ба­ра­ња за­тоа што, спо­ред Ва­ша­та ло­ги­ка, без нив евро­зо­на­та би би­ла во мно­гу по­ло­ша со­стој­ба.
МОСКОВИЧИ: До­бро про­чи­тај­те го до­го­во­рот што го по­стиг­нав­ме со Ати­на. Во не­го, грч­ка­та вла­да јас­но при­фа­ќа мо­ни­то­ринг на неј­зи­ни­те ин­сти­ту­ции од стра­на на Ко­ми­си­ја­та, Европ­ска­та цен­трал­на бан­ка и Ме­ѓу­на­род­ни­от мо­не­та­рен фонд. Во при­лог на на­та­мош­ни ре­фор­ми, исто та­ка, се об­вр­зу­ва да соз­да­де пр­ви­чен су­фи­цит со цел да го ели­ми­ни­ра дол­гот че­кор по че­кор. Да­ли овие ре­зул­та­ти, на­ви­сти­на, зву­чат ка­ко ус­пеш­на уце­на?

 

Pierr-Moscovici-int133-2

 

ШПИГЕЛ: Да, но мож­но­ста за трет па­кет фи­нан­си­ска по­мош во ви­си­на од најм­но­гу 20 ми­ли­јар­ди евра е ве­ќе пред­мет за ди­ску­си­ја.
МОСКОВИЧИ: Пред да збо­ру­ва­ме за тоа, пр­во тре­ба да се за­вр­ши прег­ле­ду­ва­ње­то на те­ков­на­та про­гра­ма за фи­нан­си­ска по­мош за да мо­же­ме да го исп­ла­ти­ме оста­то­кот од средс­тва­та.

 

ШПИГЕЛ: Зем­ји­те-член­ки ка­ко Шпа­ни­ја, Пор­ту­га­ли­ја и Ир­ска, кои тре­ба­ше да спро­ве­дат те­шки ре­фор­ми во за­ме­на за фи­нан­си­ска по­мош, се про­ти­ват на на­та­мош­на по­мош за Гр­ци­ја.
МОСКОВИЧИ: Ја раз­би­рам фру­стра­ци­ја­та на тие зем­ји. Осум­на­е­сет ми­ни­стри за фи­нан­сии на евро­гру­па­та не­о­дам­на уба­во му об­јас­ни­ја на гос­по­дин Ва­ру­фа­кис де­ка грч­ка­та вла­да не са­мо што тре­ба да раз­мис­лу­ва за сво­и­те гла­са­чи, ту­ку мо­ра да ги зе­ме пред­вид и гла­са­чи­те во дру­ги­те зем­ји-член­ки на ЕУ. Ми­ни­сте­рот за фи­нан­сии на ед­на бал­тич­ка др­жа­ва истак­на де­ка Гр­ци­ја ин­си­сти­ра на зго­ле­му­ва­ње на ми­ни­мал­на­та пла­та за 20 про­цен­ти и по­крај фа­ктот де­ка таа во не­го­ва­та зем­ја из­не­су­ва са­мо ед­на по­ло­ви­на од грч­ка­та. Не е лес­но да им се со­оп­шти на лу­ѓе­то та­му зо­што тре­ба да пла­ќа­ат да­нок.

 

ШПИГЕЛ: Мо­же­би таа фру­стра­ци­ја, исто та­ка, се дол­жи на фа­ктот де­ка грч­ка­та вла­да по­сто­ја­но ја вже­шту­ва си­ту­а­ци­ја­та со но­ви ба­ра­ња. На­бр­гу по до­го­во­рот, грч­ки­от ми­ни­стер за фи­нан­сии Ва­ру­фа­кис по­втор­но по­ба­ра уки­ну­ва­ње на дол­гот.
МОСКОВИЧИ: Што е уште по­важ­но за ме­не е де­ка во офи­ци­јал­но­то пис­мо до евро­гру­па­та Ва­ру­фа­кис на­пи­ша де­ка го при­фа­ќа мо­ни­то­рин­гот од ин­сти­ту­ци­и­те. Тоа вре­ди мно­гу по­ве­ќе од кое би­ло од ин­терв­ју­а­та што ги да­ва.

 

ШПИГЕЛ: Да­ли сте оп­ти­мист и во вр­ска со ли­ста­та на ре­фор­ми што ги прет­ста­ви Ати­на? Впро­чем, грч­ка­та вла­да по­сто­ја­но да­ва ве­ту­ва­ња што не ги ис­пол­ну­ва.
МОСКОВИЧИ: Тоа оди пре­да­ле­ку. Тоа е мно­гу точ­но, не ис­пол­ни­ле мно­гу ра­бо­ти. Но, ние тре­ба да ра­бо­ти­ме со грч­ка­та вла­да за да го сме­ни­ме ток­му тоа. Ко­ја дру­га ал­тер­на­ти­ва ја има­ме?

 

Pierr-Moscovici-int133-3

 

ШПИГЕЛ: Ко­ја е ал­тер­на­ти­ва­та за ко­ја збо­ру­ва­те Вие, ако из­ле­гу­ва­ње на Гр­ци­ја од евро­зо­на­та не е оп­ци­ја?
МОСКОВИЧИ: Не мо­же­ме да за­бо­ра­ви­ме де­ка из­ле­гу­ва­ње на Гр­ци­ја од евро­зо­на­та ќе има се­ри­оз­ни пос­ле­ди­ци за нас. Но, јас сум убе­ден де­ка мо­же­ме да ја за­др­жи­ме зем­ја­та во евро­зо­на­та и де­ка ние, исто та­ка, мо­же­ме да ин­си­сти­ра­ме на се­оп­фат­на про­гра­ма за ре­фор­ми.

 

ШПИГЕЛ: Гр­ци­ја не е единс­тве­но­то проб­ле­ма­тич­но де­те во евро­зо­на­та. Во из­ми­на­ти­те се­дум го­ди­ни, Фран­ци­ја го пре­кр­шу­ва Па­ктот за ста­бил­ност. Зо­што Ко­ми­си­ја­та, се­пак, ре­ши да му да­де на Па­риз уште две го­ди­ни за да го на­ма­ли сво­јот де­фи­цит до три про­цен­ти од до­маш­ни­от бру­то-про­из­вод?
МОСКОВИЧИ: Про­чи­тај­те ја на­ша­та од­лу­ка во це­лост. Се вр­ши при­ти­сок врз Фран­ци­ја. Ве­ќе оваа го­ди­на, вла­да­та мо­ра зна­чи­тел­но да го на­ма­ли сво­јот бу­џет­ски де­фи­цит и мо­ра да про­дол­жи да ра­бо­ти та­ка и во след­ни­те две го­ди­ни, ка­ко и да спро­ве­де мно­гу­број­ни стру­ктур­ни ре­фор­ми. Во ни­кој слу­чај не сме ѝ до­де­ли­ле бесп­лат­но во­зе­ње, ту­ку ѝ по­ста­вив­ме мно­гу се­ри­оз­ни ус­ло­ви.

 

ШПИГЕЛ: Се­пак, по­мал­ку или по­ве­ќе ја отфр­ла­те мож­но­ста за по­го­ле­ми па­рич­ни каз­ни. Вие ги опи­шу­ва­те санк­ци­и­те ка­ко „ко­ле­кти­вен не­ус­пех“.
МОСКОВИЧИ: Тоа е, исто та­ка, точ­но. Ние са­ка­ме да ги убе­ди­ме зем­ји­те-член­ки на ЕУ да се по­до­брат пре­ку ре­фор­ми. Ток­му тоа се­га тре­ба да го на­пра­ви Фран­ци­ја. Ако ние са­мо на­мет­ну­ва­ме санк­ции, то­гаш тој тип убе­ду­ва­ње не­ма да ус­пее.

 

ШПИГЕЛ: Но, ед­на од лек­ци­и­те од кри­за­та со евро­то е де­ка мо­ра да се пре­зе­мат стро­ги каз­не­ни мер­ки про­тив пра­ви­ла­та за­тоа што, во спро­тив­но, зем­ји­те-член­ки не­ма да се при­др­жу­ва­ат кон нив­ни­те за­ед­нич­ки до­го­во­ри.
МОСКОВИЧИ: Са­мо ко­га се при­сут­ни об­је­ктив­ни ус­ло­ви. Се­пак, Фран­ци­ја, де­фи­ни­тив­но, на­пра­ви на­пре­док во из­ми­на­ти­те две го­ди­ни и ние се­га ба­ра­ме и на­та­мош­ни че­ко­ри во на­ред­ни­те го­ди­ни. Тоа е мно­гу по­е­фи­кас­но од санк­ции.

 

ШПИГЕЛ: Ка­ко го оправ­ду­ва­те та­кви­от оп­ти­ми­зам? Ми­на­ти­от ме­сец фран­цу­ски­от пре­ми­ер Ма­ну­ел Валс ус­пеа да про­тур­ка са­мо уме­ре­ни ре­фор­ми со до­не­су­ва­ње ре­док итен де­крет во На­род­но­то со­бра­ние, со цел да се за­о­би­ко­ли пар­ла­мен­тот.
МОСКОВИЧИ: Да­ли ние, на­ви­сти­на, тре­ба да ѝ ка­же­ме на фран­цу­ска­та вла­да, ко­ја, ко­неч­но, са­ма поч­на да во­ве­ду­ва ре­фор­ми: „Ние сѐ уште не ти ве­ру­ва­ме?“ Не тре­ба ли ние, на­ви­сти­на, да има­ме по­го­ле­ма до­вер­ба во неа во мо­мен­тов? Гер­ман­ска­та кан­це­лар­ка, па­тем, го мис­ли исто­то. Што­ту­ку ја по­фа­ли „им­пре­сивнaта ре­форм­ска аген­да“ на вла­да­та во Па­риз. И по­вто­ру­вам: Са­мо оваа го­ди­на, за да се усог­ла­си со ба­ра­ња­та, Фран­ци­ја мо­ра да спро­ве­де до­пол­ни­тел­ни за­ште­ди од че­ти­ри ми­ли­јар­ди евра до ју­ни, а тоа не е без­на­чај­на ра­бо­та.

 

ШПИГЕЛ: Гин­тер Отин­гер, Ва­ши­от ко­ле­га од Ко­ле­џот на ко­ме­са­ри, ве­ли де­ка Фран­ци­ја мо­же да го по­стиг­не тоа са­мо пре­ку „кре­а­тив­но кни­го­водс­тво“.
МОСКОВИЧИ: Мис­лам де­ка из­бо­рот на збо­ро­ви не е со­од­ве­тен. Јас се про­ти­вам на фран­цу­ски­от на­род отво­ре­но да ја кри­ти­ку­ва Гер­ма­ни­ја и обрат­но ко­га Гер­ман­ци­те го пра­ват исто­то со Фран­ци­ја. Ако Фран­ци­ја и Гер­ма­ни­ја не си ве­ру­ва­ат ед­ни на дру­ги, ед­но­став­но, не­ма ид­ни­на за Евро­па.

 

ШПИГЕЛ: Се­пак, ка­ко ме­на­џер на кам­па­ња­та на Фран­соа Оланд, јав­но за­ста­на­вте про­тив по­ли­ти­ка­та на ште­де­ње на Мер­кел.
МОСКОВИЧИ: Ни­ту пре­тсе­да­те­лот Оланд ни­ту, пак, јас не­ко­гаш сме изра­зи­ле ка­ков би­ло сом­неж за по­тре­ба­та Фран­ци­ја и Гер­ма­ни­ја да ра­бо­тат за­ед­но. Но, исто та­ка, тре­ба да се по­тсе­тат лу­ѓе­то де­ка и Гер­ма­ни­ја има по­тре­ба од ре­фор­ми. Фран­ци­ја мо­ра да ста­не по­кон­ку­рент­на и да го на­ма­ли тр­гов­ски­от де­фи­цит. Се­пак, Гер­ма­ни­ја до­би пре­по­ра­ка од Бри­сел да ра­бо­ти по­ве­ќе за да ги пот­тик­не ин­ве­сти­ци­и­те. Тоа е во ин­те­рес на Гер­ма­ни­ја и во ин­те­рес на це­ла­та евро­зо­на.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top