Првиот оглас е веќе распишан и трае до 5 април. Се нудат десетина продавници, супермаркет и магацински простор од различни кавадратури на повеќе локации, како Аеродром, Гази Баба, Чаир, Јурумлери и Маврово.
Вкупната вредноста на објектите кои се нудат на електронско јавно наддавање е околу 1,4 милион евра.
Во следните пакети, покрај продажниот и магацинскиот простор, ќе се понуди и управната зграда. Деловните простории на Славија во моментов, главно, се издаваат под закуп.
Некогашниот трговски синџир по судски процес за незаконска приватизација и изречени затворски казни за доминантиот сопственик и менаџментот, прејде во сопственост на Агенцијата за конфискување имот.
Инаку, државата од минатиот месец почна процес на продажба на 1000 деловни простории во нејзина сопственост. За првиот пакет, од 100 простории лоцирани во 19 града, огласот истекува в петок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.