Индонезиската полиција во западна Џакарта одлучила да ја уништи запленетата дрога, односно три тона марихуана, 1,8 кг кристал мет и две и пол илјади таблети „екстази“. Тоа го напраиле во близина на еден мал град, запалувајќи оган, но не сметале на ветрот кој почнал да дува накај градот.
Полицајците биле опремени со гас-маски, но и тие ги чувствувале последиците од дрогата. Меѓутоа, насобраните новинари и граѓаните ја немале таа среќа. Неколку стотини лица пријавиле вртоглавици, а оние најизложените и главоболки. Повеќето од нив одеднаш биле многу подобро расположени.
Законите за дрогата во Индонезија се престроги, па ако ве фатат со помалку од килограм марихуана, добивате од 4 до 12 години затвор. Ако, пак, се занимавате со препродажба на потешки дроги, како екстази и мет, тогаш не ви бега доживотен затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
За овој гаф не е виновна, но Балканот пак слатко ѝ се смее на Колинда (фото)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)