| четврток, 6 декември 2018 |

Хистерија меѓу тинејџерите – Зајн Малик ја напушта „Уан дирекшн“ (ФОТО)

1

Еден од најобожаваните членови на популарната тинејџерска музичка група „Уан дирекшн“, Зајн Малик, објави дека ќе ја напушти дружината.

По пет неверојатни години, Зајн Малик реши да ја напушти „Уан дирекшн“. Најл, Хари, Лајрн и Луис ќе проодлжат како четиричлен бенд и се радуваат на претстојните концерти од светската турнеја и го снимаат нивниот петти албум, што ќе излезе ова година – се наведува во соопштението објавено синоќа на официјалната страница на „Уан дирекшн“.

Малик од своја страна соопшти дека смета оти е време да ја напушти групата.

Zayn-Malik

По пет години, чувствувам дека е вистинско време да заминам од групата. Би сакал да им се извинам на обожавателите доколку ги разочарав, но морам да го направам она што го чувствувам. Заминувам бидејќи сакам да бидам нормален 22-годишник, кој може да се отпушти и да има приватност – изјави Малик.

Тој притоа нагласи дека четворицата колеги од групата ќе останат негови „доживотни пријатели“.

Знам дека ќе проодлжат да бидат најдобар бенд на светот – истакна Малик.

Останатите членови на групата изразија жалење поради заминувањето на Малик, но нагласија дека ја почитуваат неговата одлука.

one direction

Му посакуваме блескава иднина. Последните пет години заедно ги минавме одлично. Заедно направивме многу работи и засекогаш ќе останеме пријатели – се наведува во заедничкото соопштение на четворицата останати членови на „Уан Дирекшн“.

Но, за разлика од нив, најголемиот број фанови на групата не го прифатија најдобро заминувањето на Малик, што може да се види и од коментарите на „Фејсбук“ и на останатите социјални мрежи.

3

На интерент се појавија и голем број фотографии и видео записи на тажни и расплакани тинејџерки, кои сакаат светот да ја чуе, види и почувствува нивната „пртеголема тага“ поради заминувањето на Малик.

klinke_25032015_screen

2

CA9eP1yW8AER0zX CA9S_LbXIAAUwmX CA9T4xDU8AAr5JZ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top