| четврток, 6 декември 2018 |

Жените плачат и до 64 пати во годината, но колку плачат мажите?

zena place

Фактот дека жените се поемотивни беше поткрепен и со научни студии според кои Хипокампусот, делот од мозокот кој е поврзан со емоциите и меморијата, кај нив е поразвиен.

Најновото истражување објаснило поради што жените плачат почесто и дошло до податоци дека припадничките на понежниот пол плачат помеѓу 30 и 64 пати годишно, а мажите околу 17 пати во годината.

По деталните истражувања на оваа тема, истражувачите дошле и до резултати кои не ги очекувале. Заклучокот бил дека големината на хипокампусот се разликувала и од поединец до поединец, заради што може и едноставно да се заклучи зошто некои луѓе полесно ги изразуваат своите емоции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top