| четврток, 6 декември 2018 |

По три порази, конечно победнички лет на „јастребите“ од Атланта

Атланта хоукс ја прекина серијата од 3 порази и повторно најави победнички тренд во кој се наоѓа цела сезона во НБА-лигата. Со 95-83 Хоукс го надиграа Орландо, а Перо Антиќ одигра солиден меч со 5 поени и 4 скока. Пол Милсеп беше лидер кај победничката екипа со 25 поени и 11 скока.

Вчерашната програма во НБА ја одбележи враќањето на Двајт Хауард во составот на Хјустон по долга пауза поради повреда. Еден од најдобрите центри одигра околу 17 минути и постигна 4 поени, комбинирани со 7 скока. Скромно, но затоа Хјустон го има кандидатот за МВП на шампионатот Џејмс Харден. Бекот на Рокитс постигна 25 поени со 10 скока и го предводеше својот тим до нова победа.

Резултати:Шарлот – Бруклин 88-91, Њујорк – ЛА Клиперс 80-111, Орландо – Атланта 83-95, Торонто – Чикаго 103-116, Вашингтон – Индијана 101-103, Бостон – Мајами 86-93, Мемфис – Кливленд 89-111, Минесота – ЛА Лејкерс 99-101, Њу Орлеанс – Хјустон93-95, Денвер – Филаделфија 85-99, Јута – Портланд 89-92, Сан Антонио – Оклахома 130-91, Феникс – Сакраменто 99-108.

Detroit Pistons v Atlanta Hawks

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top