| четврток, 6 декември 2018 |

Воени игри: Британија испраќа воена помош на Фолкландските Острови, Русија ја вооружува Аргентина

The Union Jack waves 19 March, 2007 overВелика Британија одлучи да испрати дополнителна воена помош на Фолкландските Острови поради страв дека Аргентина може да биде охрабрена за напад на островот поради својата соработка со Русија.

Кон островот се испратени два хеликоптери „чинук“ и нов ракетен систем земја-воздух, по најновите сознанија дека Русија можеби ја вооружува Аргентина. Министерот за одбрана, Мајкл Фалон, порача дека Фолкландските Острови ќе бидат подготвени за отфрлување на секоја потенцијална закана. Истовремено порача дека Британија во следните десет години на модернизација на одбранбените сили на островот ќе потроши 244 милиони евра.

– Ќе истраеме во одбраната на правата на граѓаните на Фолкландските Острови сами да решаваат за својата иднина и одбрана на начинот на живот против секоја закана која може да им застане на патот – рекол Фалон.

Експертите се сомневаат дека руската интервенција во Аргентина е одговор на изјавата на британскиот шеф на дипломатијата Филип Хамонд, кој пред три дена го осуди Путин дека го анектирал Крим спротивно на меѓународното право и дека еден ден полустровот ќе мора да се врати на Украина. Во исто време рускиот амбасадор во Лондон, Александар Јаковенко, го довел во прашање легитимитетот на британските власти над Фолкландските Острови. Аргентина своевремено се обидуваше воено да го освои, но Британците под водство на премиерката Маргарет Тачер со молскавична реакција ја повратија контролата над територијата. Амбасадорот го спореди референдумот на Фолкландските Острови одржан во 2013 година на кој 99,8% се изјаснија дека сакаат да останат дел од британска територија, со минатогодишниот референдум на Крим кога 93 % од гласачите се изјаснија за присоединување со Русија. Референдумот на Крим Западот никогаш не го призна за легитимен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top