| четврток, 6 декември 2018 |

Еден загинат при експлозија во редакција на турски весник

TURKEY SUICIDE ATTACK BOMBERЕдно лице загина, а три други се ранети синоќа при експлозија во редакцијата на турскиот месечен весник „Адимлар“ во Истанбул, јави ДПА.

Турската полиција смета дека експлозијата во весникот претставува бомбашки напад.

Редакцијата на весникот, кој важи за близок до екстремистичката група Исламски фронт на борците на Големиот Исток (ИБДА-Ц), се наоѓа на третиот кат на една станбена зграда во истанбулската населба Кагитане.

Турските весници наведуваат дека месечникот во минатот бил поврзуван и со неколку исламиситчки групи, меѓу кои и со џихадистичката Исламска држава.

Во последните изданија „Адимлар“ ги заостри критиките кон Курдската работничка партија (ПКК), па од таму турските медиуми оценуваат дека не е исклучено зад нападот да стојат курдските борци.

Инаку, организацијата ИБДА-Ц, која се залага за воведување на шеријатското право во Турција и ја смета турската секуларна влада за илегална, презеде одговорност за нападитe врз две синагоги и филијалата на британската банка ХСБЦ во Истанбул во ноември 2003 година, при што загинаа 57 лица, а околу 700 беа ранети. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top