Рускиот федерален Совет за безбедност оцени дека новата американска национална безбедносна стратегија е антируска, со оглед дека како најжешка закана ја истакна „руската агресија на Украина“.
Советот за безбедност на Русија повтори дека Вашингтон би можел да го примени украинскиот модел од минатогодишната смена на власта во Киев за обид за уривање на режимот во Москва, пренесе агенцијата Reuters.
– Долгорочно, САД заедно со своите сојузници ќе продолжат да инсистираат на политичко и економско изолирање на Русија. Значителни напори на САД и нејзините сојузници ќе бидат насочени на создавање на анти-руски курс во државите кои развија партнерство со Русија, како и намалување на руското влијание врз постсоветскиот простор“, оцени рускиот Совет за безбедност.
Во заклучокот се наведува дека постои голема веројатност дека САД ќе применат технологија на „обоена револуција“ во обид да ги отстранат режимите кои не им се по волја.
Извор: Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


