| четврток, 6 декември 2018 |

Вермален ќе го фати последниот воз сезонава за деби во Барселона

Томас Вермален има шанса да го фати последниот воз во финишот на сезоната и да дебитира за Барселона по долгата пауза поради повреда. Белгискиот репрезентативец конечно почна со тренинзи во кампот на Каталонците, откако ја оперираше тетивата. Вермален лани летото пристигна во Барселона како големо засилување од Арсенл за одбранбениот бедем на лидерот во шпанското првенство, но по долга пауза конечно ќе може да игра.

Барселона има солидна предност од 4 бода пред Реал Мадрид на 10 кола до крајот на Примера Дивизија, а игра и во Лигата на шампионите. Вермален ќе биде добредојден за крајот на сезоната во домашното првенство и во ЛШ, каде Барса игра четвртфинален двомеч со Пари Сен Жермен.

verma

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top