| четврток, 6 декември 2018 |

Двојка од Марко се венчала пред три дена и загинале во авионската несреќа

avion2

Меѓу 150 жртви на несреќата на авионот „Ербас А320“ кој се урна во вторникот во француските алпи е и една млада брачна двојка од Мароко, којашто се венчала три дена пред несреќата.

– Мохамед Етахриоуи (24) и неговата сопруга Асма Оухуд Ел Алаоуи загинаа во падот на авионот во вторникот –  потврди за агенцијата „АФП“ роднина младиот брачен пар, додавајќи дека тие се венчале во саботата во Барселона.

Маркаснки дипломатски извор за мароканската агенција МАП потврди дека меѓу жртвите се и еден Мароканец и неговата сопруга.

Младиот брачен пар летал од Барселона за Дизелдорф каде што планирале да започнат заеднички живот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top