Европската централна банка (ЕЦБ) неделава им препорача на грчките банки да престанат со купување емитувани од Атина државни обврзници, бидејќи тоа создава опасност за нивната финансиска одржливост.
Од ноември 2014 година ЕЦБ има обврска за надзор над европските банки, надвор од својот мандат за монетарна политика, поради што изразува загриженост за опасноста билансите на грчките банки да бидат подгодени од активи со лош квалитет, изјави анонимен извор од банката.
Поради тоа ЕЦБ неделава им препорача на банките да не ги зголемуваат своите ризици и тоа треба да биде земено сериозно од банките.
Весниците „Фајненшел тајмс“ и „Волстрит џурнал“ претходно објавија за писмо, испратено до банките во Грција, но ЕЦБ не ги коментираше овие информации.
Атина на еднакви интервали објавува, во најголем дел меѓу грчки банки, државни обврзници кои и служат за исплата на претходни долгови и поддршка на финансирањето во момент, кога државна казна е речиси празна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција