| четврток, 6 декември 2018 |

Донка Радоешка во МНТ го купи 100.000-от билет

Донка Радоешка од Скопје денеска во Македонскиот народен театар го купи 100.000-тиот билет по отворањето на новиот објект на таа национална установа на 7 декември 2013 година. Таа стана добитник на ваучер со што ќе има можност да биде почесен гостин на претставите на МНТ кои ќе може бесплатно да ги гледа во театарската сезона 2015/2016.

– Оваа година првпат во мојот живот на Бадник ми се падна паричката. Добив билет за Василичарскиот концерт, а сега добив и ваков билет, па можеби нешто значи тоа париче за Бадник, рече Радоешка.

Појасни дека билетот, кој денеска го купила е за претставата „Подемот и падот на каберето“.

– Ова ми е големо изненадување, многу ми е драго и изненадена сум, не очекував. Се најубаво и нека одат луѓето на театар, додаде Радоешка.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и го врачи ваучерот на Радоешка и и честиташе, посочувајќи дека ова е спонтан настан, кој верува дека за сите љубители на театарската уметност многу ќе значи и ќе ја следат програмата и репертоарот на МНТ.

– Од отворањето на објектот на МНТ помина година и три месеци. Во МНТ се одиграни над 200 претстави, посетеноста е огромна. Се надевам дека и годинава имаме богата програма на репертоарот на МНТ. Спеди и Вториот по ред Меѓународен театарски фестивал. На 3 април се одбележува значаен јубилеј на МНТ – 70 години од неговото постоење, рече Канческа Милевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top