| четврток, 6 декември 2018 |

Милитантите од Боко Харам киднапираа 500 деца

Nigerians at NYSC camp in Adamawa

Околу 500 деца на возраст до 11 години од нигерискот град Дамасак се водат како исчезнати, откако градот го напуштија екстремистите од групата Боко Харам.

Трговец од градот, што се наоѓа во севроисточниот дел на Нигерија, изјави дека припадниците на екстремистичката организација ги повеле со себе децата кога заминувале.

Војниците од Нигер и Чад го зазедоа Дамасак претходно овој месец, ставајќи и крај на повеќемесечната контрола на исламистичките екстремисти.

Регионалните сили одиграа клучна улога, помагајќи и на Нигерија да ги победи бунтовнците.

Илјадници лица се убиени од 2009 година, кога почна бунтот на Боко харам со цел создавање на исламска држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top