Фотографијата на „Фејсбук“ кажува многу за сопственикот на профилот. Преку профилната фотографија се претставуваме себеси. Таа може да биде видена од многумина.
Што зборува профилната фотографија за вас?
Црно-бела фотографија.
Сите знаеме дека на црно-белата фотографија изгледаме подобро, посериозно, поинтересно. Очигледно сакаме да оставиме уметнички впечаток.
Фотографија со очила за сонце.
Тоа значи дека сакаме да изгледаме кул и таинствени. Или едноставно не сме фотогенични. Рака на срце, сите изгледаме добро со очила за сонце.
Полугола фотографија.
Значи дека очајно барате внимание. Сликата во костими за капење ставате, за да им се допаднете и да ви пишуваат комплименти под неа.
Слика за пасош.
Може да изгледаме слатки на неа, но има нешто невкусно. Сепак „Фејсбук“ е место за забава. Тука има две објаснувања: или не сакаме да се фотографираме и тоа е единствената фотографија што ја имаме или навистина мислиме дека тоа е забавна слика.
Фотографија од забава.
Во едната рака држите чаша, а со другата гушкате пријателка. Сакаме да се забавуваме. Или сакаме да оставиме таков впечаток. Во повеќето случаи станува збор за спомен, за блиски пријатели и уживање.
Обработена и украсена слика.
Сакаме да ги следиме модните трендови, но таква слика покажува дека не сме креативни, туку само копираме. Сакаме лигави и романтични нешта.
Смешен натпис.
Ако луѓето се смеат, значи сме ја постигнале својата цел. Забавни сме, но понекогаш луѓето мислат дека не сме убави и се криеме зад чувството за хумор.
Слика со лик од цртан филм.
Насмеани си ја гледаме маичката со Мики Маус или милуваме играчка „Хелоу Кити“. Ние сме весели, можеби малку наивни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брачен пар објавил фотографија од венчавката: Кога виделе што има на неа не можеле да си дојдат при себе
-
Им било судено: Маж нашол фотографија од сопругата сликана 11 години пред да се венчаат, се шокирал кога видел што има на неа
-
Подгорица имала клима уреди во 1939?
-
Сликале венчавка од соседниот покрив – кога ја погледнале подобро фотографијата, останале шокирани од глетката (фото)