Ноќта меѓу саботата и неделата, без знаци на живо, во Geroldstrasse 5 во Цирих пронајдено е 26 годишно момче од Гостивар, објави „Утрински весник“.Без резултат биле брзата интервенција и обидот на лекарите да го реанимираат.
Како што пренесува порталот на албански јазик во Швајцарија, Албинфо, станува збор за Р.Б по потекло од Гостивар, кој поседувал и швајцарско државјанство. Според полицијата момчето било пронајдено меѓу во простор покрај ноќен клуб. Веднаш пристигнало обезбедувањето на клубот .Се уште се непознати причините за смртта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.