Традициналниот годишен концерт на Мандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар – Скопје, ќе се одржи вечерва во 20 часот, на сцената на кино „Фросина“ во МКЦ, а влезот е слободен.
Мандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар од Скопје е препознатлив по својата оригиналност и единственост, како во изборот и изведбата на програмата, така и по составот на неговите членови, кој е сочинет од најразлични возрасти, од ученици во основни училишта, средношколци, студенти и вработени.
Оркестарот е формиран на иницијатива на Рамадан Шукри во 1981 година. Во 2001 година раководството на оркестарот го презема Сашо Татарчевски кој го освежи oркестарот и со програма и со нови членови.
Во моментов со оркестарот работи Ванчо Јовчев, кој веќе шест години регрутира и едуцира нови членови.
Освен културна, овој ансамбл има и едукативна и воспитна функција, создавајки од младите луѓе врвни познавачи и почитувачи на музиката.
Традиционално, членувањето во оркестарот е бесплатно, а приемот на нови членови трае во текот на целата година.
На програмата на концртот се:
1. Julio Rodrigo „Aranuez“
2. Roland Dyens „Tango en skai” – за соло гитара и оркестар
3. E.Di Capua “O sole mio” – италијанска канцона
4. Giuseppe Gardiani „Caro Mio Ben“ – за соло глас(тенор) и оркестар
5. Стојче Тошевски „ Песни без зборови“
6. Franz Schubert “Moments Musicaux”
7. Miguel Bareilles “Eurythmia” – за Пиано и оркестар
8. Dmitri Shostakovich “Jazz Suite” NO.2 – secondo walz – за соло виолончело и оркестар
адаптација-оркестрација Ванчо Јовчев
9. John Williams „Schindler List“ – за соло виолина и оркестар Адаптација-оркестрација Борјан Цанев
10. Драган Шуплевски „Македонско капричо“ бр.1 – за соло виолина и оркестар
Солисти: гитара – Филип Андонов,ученик 4-та година во „Илија Николовски-Луј“, тенор – Јане Дунимаглоски, пијано – Билјана Петровска,проф.по пијано, виолончело – Теодор Ристовски, ученик во „Илија Николовски-Луј“, виолина – Ева Богоевска, ученик во „Илија Николовски-Луј“, диригент е Ванчо Јовчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.