| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјанец се обидел да силува свештено лице

Во вторникот во штипската населба Сењак, 39-годишен штипјанец се обидел да силува свештено лице. Настанот се случил откако попот и клисарот поѕвониле на вратата за да направат претпразнично светење со вода, пренесува ТВ Стар.

Во истиот момент штипјанецот видно се возбудил, го вовлекол свештеното лице во куќата  и со голема сексуална страст го нападнал. Од поголеми проблеми свештеното лице било спасено благодарение на присебноста и мобилниот телефон.

Повикана била полиција и пожарникари кои ја скршиле вратата и него го извадиле надвор. По ова, напаѓачот бил приведен, а потоа му била укажана и лекарска  помош.

Од Брегалничката епархија не сакаат да го коментираат немилиот настан, но од СВР Штип случајот се потврдува, додава ТВ Стар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top