| четврток, 6 декември 2018 |

Боинг со 78 патници принудно слета во Санкт Петербург

боинг

Боинг 737 na руската авиокомпанија „UTair” со 78 патници побарал одобрување за принудно слетување на Пулково аеродромот во Санкт Петербург, потврди портпаролот на компанијата.

Истиот извор изјави дека авионот бил на лет од Москва и побарал принудно слетување, бидејќи еден мотор престанал да работи, пренесува агенција Ројтерс.

Во Боинг 737, имало вкупно 78 патници и членови на екипажот.

Руската авиокомпанија Utair потврди дека нејзиниот авион на лет UT369, кој летал од Москва до Санкт Петерсбург, слетал на аеродромот во Пулково.

-Авионот полетал од аеродромот Внуково Москва присилно слета затоа што откажал предавателот, кој утврдил дека десниот мотор неработел – изјавил извор за новинската агенција РИА Новости.

Авионот слета во 00:35 часот по локално Московско време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top