Костарика, држава во Централна Америка, пионир е во користење на чиста обновлива енергија, со чија помош се напојува дури 75 дена, од почетокот на 2015 година, и тоа без ниеден процент користење на останатите видови на енергии.
Овој подвиг е постигнат благодарение на обилните врнежи на дожд, кои се заслужни за напојување на четири хидроелектрани во првото тримесечје на 2015 година.
Од декември 2014 година, ниедно фосилно гориво не е користено за производство на електрична енергија. Костарика инаку е позната како држава која застапува политика на чиста енергија.
Минатата година, дури 8о проценти од енергијата се произвела во хидроелектраните.
Моментално 94 проценти од костариканските енергетски потреби се исполнува од обновливи извори. Нови проекти се веќе во план, се со цел за потполно избегнување употреба на фосилни горива во иднина.
На Светскиот економски форум, Костарика е прогласена за „вицешампион на Јужна Америка“, кога е во прашање инфраструктурата на телекомуникациите и електричната енергија. Пред нив единствено е Уругвај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.