| четврток, 6 декември 2018 |

Не се знае од што се урнал авионот, највеќе патници се Германци

samolet-na-germanwings-se-razbi-v-iujna-franciq-293328

Францускиот претседател Франсоа Оланд потврди дека нема преживеани при уривањето на авионот А 320 на авиокомпанијата Германвингс.

Воздушните власти соопштија дека авионот кој летал на релација Барселона – Дизелдорф, се урнал во јужниот дел на Француските Алпи.

Локалните медиуми, цитирајќи ги воздухопловните власти, јавија дека во авионот имало 148 патници, двајца пилоти и четири членови од екипажот.

Имаше 148 луѓе во авионот, а условите на несреќата кои се уште не се разјаснети, не наведуваат да размислуваме дека нема преживеани, рече францускиот претседател Франсоа Оланд.

Значителен број од патниците биле Германци, а авионот се урнал во зона каде пристапот е тежок. Поради тоа и на спасувачките екипи ќе им треба време за пристап до местото на несреќата.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека остатоците се наоѓаат на две илјади метри надморска височина.

Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека властите се уште не знаат што ја предизвикало несреќата, која нејаверојатно е најсмртоносната во Европа откако авионот на Малезија ерлајнс во јули минатата година се урна во Украина и кога загинаа 298 луѓе.

– Секако дека не ги знаеме причините за несреќата. Очигледно стравуваме дека 142 до 150 патници и екипажот во авионот се загинати со оглед на условите на несреќата – изјави Валс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top