Ким Кардишјан, риалити ѕвездата со ерменско потекло, очајно се обидува да ги импресионира сите, со храбри фризури и оригинален моден стил.
Се добива впечаток дека, откако Ким е мажена за Канје, таа прави уште поголеми напори да се облекува по ексцентрично и во актуелни модели, со кои го привлекува вниманието. „Ким со руса коса“, „Ким со латекс фустан“, „Ким прави обиди за второ бебе“ и сл. Не поминува ден без да не се спомене името на Ким во медиумите.
Останатите членови на семејството Кардашијан останаа во заден план, но помалата сестра на Ким одлучи да не потсети на себе, со една навистина неверојатна визија.
Клои Кардашијан блесна со нова секси визија на настан во Лас Вегас. 30 годишната ѕвезда, која последниве неколку недели ја покажа витката и слаба фигура, сега одлучи да го покаже резултат од напорните вежби.
Таа се појави во бел проѕирен фустан, во кој се нагласени нејзините задни делови и се забележува долната облека во телесна нијанса. Класичниот модел чевли, го надополнуваше нејзиниот стајлинг.
Клои остава впечаток и со многу сјајната раскошна коса, во медено руса боја, која ќе биде голем хит ова лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.