| четврток, 6 декември 2018 |

Нема преживеани во авионската несреќа во Франција – загинаа 142 патника и 6 члена на екипажот

samolet-na-germanwings-se-razbi-v-iujna-franciq-293328

Патнички авион „Airbus A320“ на авиокомпанијата „German Wings“ се урна во јужниот дел на француските Алпи, соопшти АФП. Авионот се обраќал на релација Барселона – Дизелдорф. Според првичните информации во авионот имало 142 патници и шест члена на екипажот.

Францускиот премиер Мануел Валс го потврдил инцидентот.

Авионот исчезнал од радарите околу 11:15 часот по македонско време. Два хеликоптери се во потрага по авионот. Требало да полета во 08:35 часот, но тоа се случило дури во 09:01 часот. Во Дизелдорф авионот требало да слета во 10:55 часот. Веќе се пронајдени остатоци од авионот на Јужните Алпи, во реонот Барселонет.

Авионот паднал меѓу Ница и Марсеј. Последна пат на радарите бил регистриран на 2000 метри надморска височина.

Нема ниту еден преживеан во авионската несреќа со авионот на германската ниско буџетна сестринска фирма на „Lufthansa – German Wings“, изјави за АФП францускиот претседател Франсоа Оланд.

Screen shot 2015-03-24 at 1_13_35 PM

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top