Џихадистичката група Исламска држава (ИД) е резултат од авантуризмот на Западот на Блискиот исток, наведува основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во интервју за аргентинскиот весник Пахина 12.
Според него, авантуристичките акции на САД и на западните сојузници веќе предизвикале разурнувања во Либија и во дел од Сирија.
– Сега авантуризмот на Западот го урива Ирак со цел пристап до нафта, но и од други геополитички причини. Многумина знаат дека во Сирија се доставува оружје и се прават обиди за намалување на иранското влијание во повоен Ирак преку помош за сунитите, нагласува Асанж.
– Многумина знаат дека во овие години Саудиска Арабија, Катар и Турција успеаја да ја зајакнат власта и постигнаа извесна независност од САД. Затоа САД веќе не се единствениот геополитички актер на Блискиот исток, смета тој.
Во интервјуто Асанж наведува дека САД вршеле притисок врз Германија да не му обезбеди азил на поранешниот американски соработник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден, испраќајќи сигнал дека е можен прекин на размената на разузнавачки информации.
– Тоа значи дека американската Национална агенција за безбедност е подготвена да дозволи терористички напади во Берлин доколку Владата на Германија одлучи да му даде азил на Сноуден, нагласува основачот на Викиликс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.