| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Мандолинскиот оркестар на МКЦ

unnamed

Tрадициналниот годишен концерт на Мандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар (МКЦ) – Скопје, ќе се одржи на 25 март (среда), во 20 часот, на сцената на кино „Фросина“ во Младинскиот Културен Центар. Влезот е слободен.

Мандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар од Скопје е препознатлив по својата оригиналност и единственост, како во изборот и изведбата на програмата, така и по составот на неговите членови, кој е сочинет од најразлични возрасти, од ученици во основни училишта, средношколци, студенти и вработени.

Оркестарот е формиран на иницијатива на Рамадан Шукри во 1981 година. Во 2001 раководството на оркестарот го презема Сашо Татарчевски кој го освежи oркестарот и со програма и со нови членови.

Во моментов со оркестарот работи Ванчо Јовчев, кој веќе шест години регрутира и едуцира нови членови.

Освен културна, овој ансамбл има и едукативна и воспитна функција, создавајки од младите луѓе врвни познавачи и почитувачи на музиката.

Традиционално, членувањето во оркестарот е бесплатно, а приемот на нови членови трае во текот на целата година.

Во периодот на своето постоење Мандолинскиот оркестар на МКЦ има освоено голем број престижни награди, признанија, пофалници.

Мандолинскиот оркестар бележи и исклучителни настапи на престижни музички фестивали од ревијален карактер, достојно претставувајки ги македонските музички и културни потенцијали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top