| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Дејан Докиќ: Кож­ни­те те­сто­ви се нај­ве­ро­до­стој­ни

Зла­тен стан­дард во ди­јаг­но­сти­ка на алер­го­ло­ги­ја­та се кож­ни­те те­сто­ви. Си­те дру­ги те­сто­ви има­ат по­ма­ла ди­јаг­но­стич­ка важ­ност и точ­ност. Те­сто­ви­те пре­ку крв се пра­ват нај­че­сто кај па­ци­ен­ти­те што има­ат те­шки про­ме­ни на ко­жа­та или, пак, ако па­ци­ен­тот е на дол­го­роч­на те­ра­пи­ја со ан­ти­хи­ста­ми­ни­ци, па не мо­же да се те­сти­ра, ве­ли проф. д-р До­киќ

Алер­ги­и­те се нај­че­сто хро­нич­но за­бо­лу­ва­ње на 21 век. По­сто­јат по­ве­ќе фа­кто­ри за по­че­ста­та по­ја­ва на алер­ги­и­те – ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то, нез­дра­ва­та ис­хра­на, ге­нет­ски мо­ди­фи­ку­ва­на­та хра­на… Ко­га не­кој има ге­нет­ски пре­дис­по­зи­ции, алер­ги­ја­та се ма­ни­фе­сти­ра уште со ра­ѓа­ње­то. До­а­ѓа про­лет и со тоа се зго­ле­му­ва­ат алер­ги­ски­те ре­ак­ции на по­лен, на тре­ва, на цве­то­ви и слич­но. Про­фе­сор до­ктор Де­јан До­киќ, алер­го­лог и пул­мо­лог, апе­ли­ра па­ци­ен­ти­те што не зна­ат да­ли се алер­гич­ни, а ги има­ат симп­то­ми­те, да се ја­ват на ле­кар за на­вре­ме­но да им би­де оста­ве­на ди­јаг­но­за. Тие што ве­ќе бо­ле­ду­ва­ат од алер­гии тре­ба на­вре­ме да ги зе­ма­ат ле­ко­ви­те, уште на по­че­то­кот на се­зо­на­та, ако не и по­ра­но.

 

Истра­жу­ва­ња­та по­ка­жу­ва­ат де­ка се­кој че­твр­ти жи­тел на Ма­ке­до­ни­ја е алер­ги­чен на не­што. Ма­ке­до­ни­ја на ова по­ле го след­и свет­ски­от тренд. Ка­ко алер­ги­ја­та ста­на нај­че­сто хро­нич­но за­бо­лу­ва­ње на 21 век?

ДОКИЌ: Обе­ди­не­ти­те на­ции (ОН) и Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја (СЗО) го прог­ла­си­ја 21 век за век на алер­ги­и­те, кои ќе се ја­ву­ва­ат во епи­де­ми­о­ло­шки раз­ме­ри. По­сто­јат по­ве­ќе шпе­ку­ла­ции би­деј­ќи не мо­же со си­гур­ност да се до­ка­же де­ка еден фа­ктор е од­го­во­рен за по­че­ста­та по­ја­ва на алер­ги­и­те. Се сме­та де­ка ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то е еден од го­ле­ми­те фа­кто­ри за по­ја­ва на алер­ги­и­те. Има­ме но­ви ае­ро­за­га­ду­ва­чи од ти­пот на озон, кој на­ста­ну­ва од из­дув­ни­те га­со­ви на авто­мо­би­ли­те ко­га  ќе дој­дат во кон­такт со сон­це, а и ед­ни­те и дру­ги­те ги има­ме во изо­билс­тво, по­тоа азо­тен ди­о­ксид, ПМ-че­стич­ки, кои, исто та­ка, на­ста­ну­ва­ат од со­го­ру­ва­ње на го­ри­ва­та, по­тоа че­стич­ки од ди­зел-го­ри­ва­та, та­ка што си­те тие за­ед­но при­до­не­су­ва­ат за по­че­ста­та по­ја­ва на алер­ги­и­те. Од дру­га стра­на, хра­на­та и ис­хра­на­та, пред сѐ нез­дра­ва­та ис­хра­на, исто та­ка при­до­не­су­ва за по­го­ле­ма­та ин­ци­ден­ци­ја на алер­ги­и­те. Уште од ма­ли де­ца­та ко­га ќе поч­нат да ја­дат твр­да хра­на, тие, на не­кој на­чин се екс­по­ни­ра­ни на се­кој вид хра­на, за­чи­ни, смо­ки, или не­ко­ја дру­га обо­е­на хра­на, ко­ја во се­бе има кон­зер­ван­си, бои и не­кои дру­ги то­ксич­ни ма­те­рии. Ту­ка спа­ѓа и ге­нет­ски мо­ди­фи­ку­ва­на­та хра­на, ко­ја кај нас е за­бра­не­та со за­кон, но мо­же да се нај­де. Си­те овие ра­бо­ти за­ед­но при­до­не­су­ва­ат за ед­на по­го­ле­ма ин­ци­ден­ци­ја на алер­ги­и­те во Ма­ке­до­ни­ја.

 

Кои се ви­сти­ни­те, а кои се заб­лу­ди­те за алер­ги­и­те би­деј­ќи не е се­ко­ја ре­ак­ци­ја алер­ги­ска?

dokic (Custom)

По­те­шко се асо­ци­ра­ат симп­то­ми­те на це­ло­го­диш­на алер­ги­ја, ко­ја е при­сут­на во до­мо­ви­те, вели д-р Докиќ

ДОКИЌ: За тие алер­гии што на­ста­ну­ва­ат на­про­лет, та­ка­на­ре­че­ни про­лет­ни алер­гии, јас­но е де­ка ста­ну­ва збор за алер­гии би­деј­ќи одед­наш па­ци­ен­тот поч­ну­ва да има симп­то­ми од но­сот, че­ша­ње, ја­деж во очи­те, сол­зе­ње, ки­ва­ње, те­че­ње на но­сот, зат­нат нос, и одед­наш, со цве­та­ње­то се по­вр­зу­ва­ат овие симп­то­ми и е не­ка­ко по­лес­но да се асо­ци­ра­ат. По­те­шко се асо­ци­ра­ат симп­то­ми­те на це­ло­го­диш­на алер­ги­ја, ко­ја е при­сут­на во до­мо­ви­те. Тоа е до­ма­шен прав, спо­ри од мув­ла, или ако чу­ва­ат до­маш­ни ми­ле­ни­чи­ња, нај­че­сто крз­но од мач­ки. Тие се при­сут­ни пре­ку це­ла­та го­ди­на и па­ци­ен­тот не мо­же да на­пра­ви раз­ли­ка, а осо­бе­но се наг­ла­се­ни ко­га па­ци­ен­тот по­че­сто и по­дол­го пре­сто­ју­ва во за­тво­рен про­стор, а тоа е есен, зи­ма и ра­на про­лет, ко­га и ца­ру­ва­ат на­стин­ки­те и мно­гу е те­шко да се раз­гра­ни­чи да­ли се ра­бо­ти за хро­нич­на на­стин­ка или се ра­бо­ти за це­ло­го­диш­на алер­ги­ја. То­гаш мо­ра да се пра­ти па­ци­ен­тот на те­сти­ра­ње за да се до­бие од­го­во­рот на ова пра­ша­ње.

 

Кај најм­ла­ди­те нај­го­ле­ма опас­ност се алер­ги­и­те пре­диз­ви­ка­ни од одре­де­ни пре­хран­бе­ни про­ду­кти. Ка­ко се ма­ни­фе­сти­ра­ат алер­ги­и­те во овој слу­чај?

ДОКИЌ: Ко­га не­кој има ге­нет­ски пре­дис­по­зи­ции, алер­ги­ја­та се ма­ни­фе­сти­ра уште со ра­ѓа­ње­то. То­гаш ве­ли­ме де­ка тоа де­те се на­о­ѓа во алер­ги­ски марш. Пр­во и мно­гу че­сто се ма­ни­фе­сти­ра на ко­жа­та ка­ко ато­пи­ски дер­ма­ти­тис, од­нос­но со цр­ве­ни­ло на ко­жа­та, со ја­деж, че­ша­ње и на бе­би­ња­та, од­нос­но де­ца­та им соз­да­ва го­лем проб­лем. Ко­га ќе поч­не да кон­су­ми­ра твр­да хра­на, то­гаш се ја­ву­ва­ат ну­три­тив­ни алер­гии и тие се при­сут­ни до пет­та­та-ше­ста­та го­ди­на. По­тоа се ја­ву­ва­ат ин­ха­ла­тор­ни алер­гии, кои се за­др­жу­ва­ат до кра­јот на жи­во­тот. Ну­три­тив­ни­те алер­гии, глав­но, се ма­ни­фе­сти­ра­ат со че­ша­ње и цр­ве­ни­ло и ур­ти­ки, кои ли­чат на пли­ко­ви ка­ко убод од ко­ма­рец. Не­ко­гаш мо­же да се ма­ни­фе­сти­ра ка­ко ин­то­ле­ран­ци­ја на хра­на во смис­ла на про­ли­ви или по­вра­ќа­ње по вне­су­ва­ње одре­де­на хра­на.

 

На ко­ја во­зраст е нај­до­бро да се на­пра­ват те­сто­ви, кои ќе по­твр­дат или, пак, ќе ја иск­лу­чат мож­но­ста де­ка де­те­то е алер­гич­но на не­што? Кои те­сто­ви со нај­го­ле­ма точ­ност ќе ги по­твр­дат сом­не­жи­те? Тие пре­ку крв или пре­ку ко­жа?

ДОКИЌ: Европ­ска­та ака­де­ми­ја за алер­го­ло­ги­ја и кли­нич­ка иму­но­ло­ги­ја да­ва со­вет де­ка од шест­ме­сеч­на во­зраст де­ца­та се до­вол­но зре­ли за да мо­же да се на­пра­ват те­сто­ви за алер­ги­ја. Ние кож­ни­те те­сто­ви ги пре­по­ра­чу­ва­ме од две го­ди­ни. Те­сто­ви за алер­ги­ја се пра­ват пре­ку ис­пи­ту­ва­ње на кр­вта или пре­ку ко­жа­та, на са­ми­от па­ци­ент, ин ви­во. Зла­тен стан­дард во ди­јаг­но­сти­ка на алер­го­ло­ги­ја­та се кож­ни­те те­сто­ви. Си­те дру­ги те­сто­ви има­ат по­ма­ла ди­јаг­но­стич­ка важ­ност и точ­ност. Те­сто­ви­те пре­ку крв се пра­ват нај­че­сто кај па­ци­ен­ти­те што има­ат те­шки про­ме­ни на ко­жа­та или, пак, ако па­ци­ен­тот е на дол­го­роч­на те­ра­пи­ја со ан­ти­хи­ста­ми­ни­ци, па не мо­же да се те­сти­ра би­деј­ќи ан­ти­хи­ста­ми­ни­ци­те ќе вли­јае на кож­на­та ре­ак­ци­ја. Кај се­кој ком­па­ти­би­лен, здрав па­ци­ент по­стар од две го­ди­ни, без про­ме­ни на ко­жа­та, се пре­по­ра­чу­ва­ат кож­ни­те те­сто­ви би­деј­ќи се нај­точ­ни. Ту­ка не­ма лаж­ни ре­ак­ции, под прет­по­ста­вка де­ка не зе­ма­ле ан­ти­хи­ста­мин. Ако зе­ма­ле, то­гаш е по­треб­но да се на­пра­ви па­у­за од се­дум де­на за кож­на­та ре­ак­ци­ја да би­де ве­ро­до­стој­на и точ­на.

 

dokic 2 (Custom)

Алер­ги­ја не мо­же да се ја­ви на не­ко­ја суп­стан­ци­ја со ко­ја па­ци­ен­тот се сре­ќа­ва прв­пат во жи­вот

 

Мож­но ли е да се раз­вие алер­ги­ја на не­што во по­доц­неж­ни­те го­ди­ни, иа­ко прет­ход­но не­ма­ло ни­ка­кви ин­ди­ции за тоа?

ДОКИЌ: Алер­ги­ја мо­же да се раз­вие во ко­ја би­ло во­зраст. Алер­ги­ја не мо­же да се ја­ви на не­ко­ја суп­стан­ци­ја со ко­ја па­ци­ен­тот се сре­ќа­ва прв­пат во жи­вот. Мо­ра да има кон­такт, да по­ми­не из­вес­но вре­ме за да мо­же да се соз­да­дат ан­ти­те­ла про­тив таа суп­стан­ци­ја и во тој слу­чај па­ци­ен­тот поч­ну­ва да ре­а­ги­ра алер­гич­но. Заб­лу­да е ако не­кој па­ци­ент не зе­мал ни­ка­ква хра­на или лек, да се пла­ши де­ка ќе раз­вие алер­ги­ја.

 

Се ле­ку­ва­ат ли алер­ги­и­те?

ДОКИЌ: Не­ма пре­ци­зен од­го­вор на ова пра­ша­ње. Си­те па­ци­ен­ти раз­лич­но ре­а­ги­ра­ат на те­ра­пи­и­те. Но, мо­же да ка­жам де­ка си­те ре­а­ги­ра­ат по­зи­тив­но. Еден дел, мо­же­би, ќе се из­ле­ку­ва­ат, друг дел ќе има­ат го­ле­ми ефе­кти од те­ра­пи­ја­та, не­кои ќе има­ат по­мал­ку, но си­те ќе има­ат одре­де­ни по­зи­тив­ни ефе­кти од те­ра­пи­ја­та. Ид­ни­на­та за па­ци­ен­ти­те со алер­гии е, на­ви­сти­на, свет­ла би­деј­ќи се­којд­нев­но сме при­сут­ни на про­на­о­ѓа­ње на но­ви ле­ко­ви што во го­ле­ма ме­ра не са­мо што ги су­при­ми­ра­ат симп­то­ми­те, ту­ку, ако се зе­ма­ат, на при­мер, алер­ген­ски вак­ци­ни, мо­жат и дол­го­роч­но да по­мог­нат и да го ко­ри­ги­ра­ат ефе­ктот во иму­ни­от си­стем и на тој на­чин дол­го­роч­но да ја др­жат алер­ги­ја­та под кон­тро­ла.

 

До­а­ѓа про­лет, кои се ва­ши­те пре­по­ра­ки за ли­ца­та што има­ат алер­ги­ски ре­ак­ции на тре­ва, по­лен и слич­но?

ДОКИЌ: Па­ци­ен­ти­те што не зна­ат да­ли се алер­гич­ни, а ги има­ат симп­то­ми­те, тре­ба да се ја­ват на ле­кар за на­вре­ме­но да им би­де по­ста­ве­на ди­јаг­но­за. Тие што ве­ќе бо­ле­ду­ва­ат од алер­гии би ги за­мо­лил да ги зе­ма­ат на­вре­ме ле­ко­ви­те, уште на по­че­то­кот на се­зо­на­та, ако не и по­ра­но. На тој на­чин ќе спре­чат алер­ги­ја­та во полн ек и одед­наш ги за­те­че со тоа што ќе им пре­диз­ви­ка сил­ни симп­то­ми. Тре­ба да упо­тре­бу­ва­ат на­зал­ни спре­јо­ви, а па­ци­ен­ти­те што има­ат алер­ги­ја на по­лен од дрв­ја или на тре­ва тре­ба да го зе­ма­ат це­ла се­зо­на. Ако има­ат алер­ги­ска аст­ма, тре­ба да ги ко­ри­стат спре­јо­ви­те за аст­ма, а ако има­ат проб­ле­ми со очи­те, тре­ба за ста­ва­ат кап­ки. Ако оваа те­ра­пи­ја не по­мог­не, при сон­чев пер­и­од, ко­га има го­ле­ма по­ле­ни­за­ци­ја во воз­ду­хот, мо­жат до­пол­ни­тел­но да зе­мат и ан­ти­хи­ста­ми­ни. Ова, пред сѐ, се од­не­су­ва на па­ци­ен­ти­те со алер­ги­ски ри­ни­тис и ко­њун­кти­ви­тис, до­де­ка тие со аст­ма, исто та­ка, тре­ба  да ја зе­мат про­пи­ша­на­та те­ра­пи­ја­та.

 

Целото интервју може да го погледнете на „РепубликаТВ“.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top