| четврток, 6 декември 2018 |

Конгресот на САД усвои резолуција за испраќање оружје на Украина

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои резолуција со која претседателот Барак Обама се повикува да и испрати оружје на Украина, со цел државата да се заштити во борбите против проруските сили.

Резолуцијата е усвоена со 348 гласови „за“ и 48 „против“.

Официјални претставници од американскиот Стејт департмент наведуваат дека во рамки на администрацијата на Обама се разговара за таков вид помош, но се чека да се види дали договорите од февруари ќе бидат исполнети.

Претседателот на Претставничкиот дом Џон Бонер и група водечки демократи и републиканци засилија во почетокот на месецот притисок врз претседателот на САД да ја снабди Украина со смртоносно одбранбено оружје. Голем број европски држави се противат на каков ило потег на САД во правец на воена поддршка за украинската влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top