Познатата актерка Анџелина Џоли откри дека ги отстранила и јајчниците откако лекарите детектирале можни знаци на рак.
За оваа одлука таа пишувала и во колумната во „Њујорк тајмс“. Оскаровката имаше и двојна мастектомија во 2013 година, откако дозна дека има ген што значително ги зголемува шансите за развој на рак на дојка или на јајчници.
Во текстот напишала дека минатата недела решила да ги извади јајчниците бидејќи лекарите ѝ соопштиле дека одреден број маркери имаат зголемена вредност и сите тестови упатуваат на тоа дека би можело да станува збор за рана фаза на рак.
– Поминав низ тежок период, низ кој, претпоставувавам, поминале многу жени. Си реков: остани мирна, биди силна и немав причина да мислам дека нема да живеам доволно долго за да ги видам своите деца и да ги запознаам своите внуци – напишала Џоли во колумната.
Од рак на дојка или на јајчници на Џоли ѝ починале мајката, бабата и тетката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.