Мемфис гризлис го потврдија учеството во плејофот и битката за титулата во новото издание на НБА лигата со победа од 103-82 против најслабата екипа во моментов Њујорк никс.
Дуото високи играчи Зак Рендолф и Марк Гасол заедно постигнаа 44 поени, како лидери во тимот на Мемфис. Сам толку поени постигна Џејмс Харден за Хјустон рокитс против Индијана пејсерс. Хјустон победи со 110-100 и е на пат како и Мемфис да го осигура настпот во доигрувањето за титулата.
Резултати: Индијана – Хјустон 100-110, Бруклин – Бостон 91-110, Њујорк – Мемфис 82-103, Чикаго – Шарлот 96-86, Голден стејт – Вашингтон 107-76.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.