Утрово имаме облачно време со умерен југоисточен ветер на повисоките места и во јужниот дел од Повардарието, особено во Д. Капија. На повисоките места и понекаде на планинските превои има магла од ниската облачност. Утринските температури се над речиси секаде над нулата, а најтопло е во Гевгелија: 0 Маврово, 1 Крушево, Лазарополе, 4 Берово, Кр. Паланка, 5 Прилеп, 6 Виница, Битола, Тетово, 7 Куманово, Струмица, Скопје Пет., Кавадарци, 8 Штип, Скопје, Д. Капија, Дојран, 9 Гевгелија.
Според прогнозата на УХМР, во текот на денот не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Претпладне во јужните делови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен југоисточен ветер.
Највисоката дневна температурата ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
Утре ќе преовладува променливо облачно и врнежливо време. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови од земјата. Во четврток ќе биде доста топло, но кон крајот на денот повторно со врнежи кои ќе се прошират од западните делови каде што ќе бидат пообилни, насекаде и ќе траат и во петок преку денот. Во сабота врнежите ќе се послаби, а во недела ќе биде променливо облачно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.