Грчката влада има пари за исплата на плати и пензии за само уште две недели, односно до 8 арил кога ќе влезе во критична состојба, пишува германскиот весник Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung (Франкфуртер алгемајне зонтагцајтунг).
Експертите од Европската комисија тврдат дека дури и официјална Атина да посегне по фондовите за социјално осигурување и од сметките на компаниите во државна сопственост за да продолжи со исплата на плати, на Грција на 9 април ќе и пристигнат за наплата 465 милиони евра кредит од ММФ.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас минатиот петок се обиде да ги увери кредиторите и европските партнери дека во „престојните денови“ ќе достави проширен предлог на реформи со надеж дека ќе ја отклучат последната транша од помошта во вредност од 7,2 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција