Во Србија уапсен е македонскиот државјанин Л.М. (35), кој неофицијалнo е братучед на еден од уапсените лица во Гостивар. Српската полиција го привела поради сомнение дека е соучесник во извршување на кривичното дело.
Како што вчера информираа од македонското МВР, пронајдени се над 40.000 СИМ картички од мобилни оператори од Србија, Хрватска, Словенија, Албанија и БиХ кои се користени при извршување на кривичното дело.
Српската полиција, пак, во изнајмен стан во Белград во кој престојувале македонски државјани пронашле четири сервери преку кои била вршена комуникацијата во уредите во Гостивар.
Министерството за внатрешни работи на Македонија вчера соопшти дека во моментот на претрес во Гостивар опремата била во функција и од истата се вршело незаконито детерминирање на меѓународен телефонски сообраќај кон Република Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.