| четврток, 6 декември 2018 |

Намирници кои можете да ги јадете и доцна навечер

Со оглед на тоа што за време на спиењето нашето тело не користи еднаква количина на енергија како кога сме будни, вишокот храна се складира во масни наслаги. Тоа доведува до прекумерна телесна маса, па доколку тоа не го сакате, треба да заборавите на доцните оброци.

Но, сепак многумина од нас не можат да си легнат на спиење со празен стомак, без да каснат по некое залче, па доколку веќе морате да јадете во доцните часови пожелно е правилно да ги одберете погодните намирници. Тоа се намирници богати со влакна кои нема да ви го забават варењето. 

Dieta-desintoxicante-7

Ви претставуваме список на намирници кои се поприфатливи за консумација доцна навечер:

Туната е несомнено здрава, но е и една од намирниците кои може да ги јадете и во ноќните часови, доколку веќе морате. Туната е нискокалорична и содржи многу мала количина на шеќер. Токму заради таа причина оваа риба е идеален избор за доцна вечера.

Младото сирење е уште една вкусна и здрава намирница, за која се смета дека може да се јаде и навечер, а го содржи протеинот касеин, кој побавно се вари, па на вашето тело за време на сонот му осигурува доволно енергија.

sirenje

Мисирката се најде на овој список како најсоодветно месо за консумација во подоцните часови. Мисиркиното месо содржи триптохан, аминокиселина која го забавува процесот на варење.

Медот, покрај сите можни здрави својства, ја има и оваа моќ, да ве засити пред да си легнете, без да стравувате за вашето здравје. Покрај тоа што ќе го задоволи вашето чувство на глад, медот ќе ви помогне и подобро да спиете. Благодарение на хемикалијата орексин, медот им помага на мозочните клетки да се опуштат и да се подготват за спиење.
diet_65b5bb1b-a9bf-4af9-97d5-cc2f91231237_1
Зелената салата секако треба да биде на листата за вечерен оброк. Зелената салата е одлична намирница за доцните часови бидејќи содржи лактуцин, супстанца која делува релаксирачки и го подготвува телото за мирен и цврст сон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top