| четврток, 6 декември 2018 |

Керамиките на Пикасо во „Сотби“ постигнаа рекорди

pikaso[9]

На неодамнешната аукција во „Сотби“ уметничките керамики на Пабло Пикасо постигнаа рекорди. Аукцијата неколкукратно ги надмина очекуваните суми, донесувајќи комплетна заработувачка од над два милиони долари.

Седум предмети достигнаа рекордни суми на аукцијата. Највисока цена достигнаа делата „Трипод“ и „Жена со лице на утка“, кои се продадоа 12 пати поскапо од очекуваното. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top