| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен познат хрватски адвокат

Две лица се убиени во адвокатска канцеларија денеска во хрватскиот град Осиек, јави БТА.

vlatko_vidakovic23032015-620x400

Според првичните информации еден од убиените е познат локален адвокат Влатко Видаковиќ. Тој е убиен од негов клиент, кој потоа се самоубил.

Хрватската телевизија објави дека центарот на Осиек е полн со полиција и членови на специјалните сили. Во тек е истрага на местото на индицентот. Адвокатската комора на Хрватска денеска изрази загриженост и револт поради убиството на адвокатот Влатко Видаковиќ во неговата канцеларијат во центарот на Осиек.

advokat

Според хрватската адвокатска комора Видаковиќ е осмиот убиен адвокат во Хрватска од 1972 година, како и дека од 1993 година досега физички се нападнати 15 адвокати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top