| четврток, 6 декември 2018 |

Британците се потсмеваат на Грција: Варуфакис изнајмува вила за 5.000 евра неделно

Тоа ќе ви помогне да се исплатат вашите долгови! Шампањ-социјалистичкиот министер за финансии на Грција издава луксузна вила за кирија од 5.000 евра неделно, пишуваат британските весници откако грчкиот министер Јанис Варуфакис ја огласи својата летна вила

варуфакис

Новиот левичарски министер за финансии на Грција, Варуфакис ја стави на оглас неговата луксузна вила за одмор за изнајмување за 5.000 евра неделно. Со неговата сопруга – богата наследничка – и луксузниот втор дом, Јанис Варуфакис во медиумите е исмејуван како „шампањ-социјалист“.

Со фотосесијата во стил на славна личност во неговиот дом во Атина, Варуфакис е претставен како свири на пијаното во дневната соба и како појадува со својата сопруга во нивното љубовно гнездо на чекор на Акропол.

Сега засрамениот политичар се чини дека одлучил дека изгледот против „мерките за штедење“ е лош за бизнисот кога станува збор за личниот живот, па ја стави неговата стилска вила на островот Егина на оглас.

Варуфакис е еден од водечките министер во нова грчка левичарска влада на СИРИЗА, која тековните економски проблеми на земјата ги оцени како хуманитарна криза. Но, неговиот привилегиран џет-сет начин на живот не прилега на неговата нова позиција. Со години грчко-австралискиот државјанин и неговата сопруга уметничката Дана Стратоу го минуваат летото во камената вила од 170-метри квадратни со пријателите и децата.

Дизајнираната вила доаѓа во комплет со „бесконечниот“ базен претставен во неколку списанија за архитектонски уредувања. Во едно претходно интервју семејството говореше за нивната љубов на трошење на времето во домот со семејството и уживање во погледот.

Шармантната вила се наоѓа на островот Егина кој е непознат за повеќето туристи, но е познат по кристално чистите води, античките напуштени села, маслинови градини и овоштарници со ф’стаци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top