Чешки експерти препорачуваат да се пие редовно секој ден вино и тоа најдобро навечер со јадење. Препорачана доза за мажи е четири децилитри, а три за жени. Овие препораки ги дадоа експертите кои учествуваа на семинар во чешкото Собрание, јави дописникот на МИА од Прага.
Според кардиологот Милан Шаманек најопасно е брзото пиење, што значи пет чаши тврд алкохол за време на два часа. „Мирното“ пиење според неговата студија ја снижува можноста за инфаркт за 35-50 проценти.
Недоверба и неверување кај учесниците на семинарот предизвика и неговото тврдење дека треба да се почне со пиење на алкохол веднаш по доживеан инфаркт за да се има здрав црн дроб.
– Кога пиете алкохол е подобро за вашиот црн дроб отколку кога не пиете, изјави лекарот, додавајќи дека со пиење се продолжува животот дури за пет години. Ова е сосема спротивно на твредењата на некои стручни лица кои сметаат дека алкохолот е штетен за здравјето на луѓето и ги уништува мозочните клетки.
Според Шаманек, треба да се додржува режимот на редовно секојдневно пиење алкохол, во мали количини. Според него ризично е пиење алкохол кај бремени жени, доилки и мажи кои се плашат за својата потенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кардиолозите препорачуваат: Напијте се вино, помалку стрес за вас!
-
Науката потврди: Пет навики кои можат да ви го продолжат животот
-
Јадете повеќе од овој оброк и ќе живеете подолго: Најздравото јадење е прилично евтино
-
Кој пее зло не мисли: Чаша вино и пеење – навики што ќе ви помогнат да доживеете 100-ка