| четврток, 6 декември 2018 |

Нема попуст за француските војници што го чуваат „Дизниленд“ во Париз

„Дизниленд“ во Париз не им дава попуст на француските војници кога не се на служба да го посетат најпосетениот забавен парк во Европа.

Како што пишува „Паризиен/Ожурдуи“, еден од раководителите на паркот, кој сакал да остане анонимен, му назначил на претставник на француската држава дека повеќе пати било побарано да им се даде повластена тарифа за француските војници. Во таа пригода, тој потсетил дека забавниот парк немал „посебен договор“ со државната администрација, за војниците кои се наоѓаат во Париз и парискиот регион и кои се дел од антитеростичкиот план „Вижипират“, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Претставникот на „Дизниленд“ во Париз изјавил за весникот дека се во тек разговори за попуст притоа заблагодарувајќи за „обезбедувањето“ на паркот, кое се смета за едно од најчуствителните места.

– Изгледа дека е подобро да се биде пензионер или припадник на комитет на претпријатие за да се добие попуст во „Дизниленд“, наместо да се биде во задача на антитерористичко обезбедување – вели за весникот претставник на државата кој попусто се обидува да добие попуст.

Дирекцијата на „Евро Дизни“ не беше во можност да одговори веднаш. Од своја страна службите на воениот гувернер на Париз не сакаа да коментираат.

Армијата е во контак со раководството на паркот бидејќи војниците се распоредени околу паркот за да ја гарантираат неговата безбедност. Забавниот парк „Дизниленд“ во Париз со милиони посетители годишно е еден од најобезбедуваните објекти во парискиот регион. Во планот Вижипират, покрај полициските сили, се вклучени уште 10.000 припадници на армијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top