Овие холивудски ѕвезди немаа проблем со висината. Не се повисоки од своите партнери и гордо позираат покрај нив на црвениот тепих.
НИКОЛ КИДМАН И КИТ УРБАН
Оскаровката Никол Кидман е во брак со рокерот Кит Урбан од 2006 година. Покрај две посвоени деца од бракот со Том Крус, таа од брајот со Кит има и две ќерки. Таа е 8 сантиметри повисока од својот сопруг.
-Повеќето високи жени се трудат да изгледаат поситно. Јас немам проблем со својата висина. Кога ќе видам понизок маж кој што излегува со повисока девојка, тоа многу ми се допаѓа-, изјавила во една прилика Никол. Интересно е дека таа беше доста повисока и од Том Круз.
СЕТ ГРИН И КЛЕР ГРАНТ
Разликата помеѓу глумецот и неговата сопруга е една од најочигледните. Тој е висок 162 сантиметри, а таа е 10 сантиметри повисока од него. Кога Клер ќе облече високи потпетици, разликата станува уште поочигледна, но тие двајца немаат проблем со тоа.
ЏЕЈМИ КУЛУМ И СОФИ ДАХЛ
Пејачот и поранешната манекенка ги двојат 18 сантиметри. Софи е висока 180, а Џејми 162 сантиметри. Таа поради својот сопруг се откажа од високите потпетици, па се почесто е со балетанки на црвениот тепих.
РОУЗИ ХАНТИНГТОН ВАЈТЛИ И ЏЕЈСОН СТАТАМ
Љубовта помеѓу нив двајца трае од април 2010 година. Разликата во висината е само неколку сантиметри во корист на манекенката, но тоа и на двајцата не им пречи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.