| четврток, 6 декември 2018 |

Избори во Франција: Големите стравуваа, Ле Пен сепак трета

marineLePenГлавните партии во Франција „воздивнаа“ со олеснување откако се видоа вон заканите од екстремно десничарскиот Национален фронт на Мари Ле Пен.

Истражувањата на јавно мислење во периодот до изборите во неделата покажуваа дека крајната десница на Ле Пен би можела да добие до 30 проценти од гласовите, малкуповеќе од центарот предводен од поранешниот претседател Никола Саркози, но оставајќи ја владејачката партија на Социјалистите на третото место.

Наместо тоа почетните проценки од затворањето на избирачките места укажа дека десниот центар на Саркози го освои убедливо водство, а дека Оланд за малку избегна понижување.

Додека резултатот од неделата ќе биде голем удар за Националниот Фронт и неговата анти-имигрантска, анти-европска и став против ЕУ, цврстото воспоставување на партијата како трет клучен играч на француската политичка сцена ќе ја охрабри Ле Пен за претседателската избори 2017 година.

Притоа, премиерот Мануел Валс изјави дека ова е „чесен резултат“ за социјалистичката влада и рече дека докажува оти „екстремната десница не е прва политичка сила во Франција“. Сепак, тој беше принуден да признае дека поддршката за НФ уште е „премногу силна“, но и дека бројот на оние кои не излегоа на гласање е премногу висок.

„Вкупниот број на гласови за левите е ист како и оние за десно. Ова значи дека ништо не е одлучено во овој првиот круг гласање, а левицата мора да се обедини“, рече Валс. Тој апелираше до гласачите да излезат за вториот круг на гласање следната недела.

Саркози ја отфрли можноста за каков било договор „на национално или локално ниво“ со Ле Пен за вториот круг од гласањето во областите каде што е втор зад Социјалистите. Меѓутоа, во она што се гледа како на “ниту-ниту” став, тој рече дека нема а ги повика подржувачите да гласаат за Социјалистите или за другите левичарски партии за да го порази Фронтот.

Ле Пен го сокри незадоволството, од седиштето на партијата порача: „За оние кои сакаат да се ослободат од Социјалистите, клучот е во Националниот Фронт“.

Департманските избори во Франција, кои се карактеризираат со висок степен на апстиненција од гласање, ретко предизвикуваат ваква возбуда и неизвесност. Се стравуваше дека Оланд и Социјалистите, како и други левичарски партии, се сосема отуѓени од јадрото и клучните гласачи од работничката класа на Франција. Различни аналитичари во обид да ја објаснат растечката популарност на ФН во Франција тврдат дека луѓето гласаат за екстремната десница заради разочараност од големите партии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top