| четврток, 6 декември 2018 |

Мира Марковиќ сака да се врати во Србија и да биде закопана до Слободан Милошевиќ

mira markovic

Вдовицата на Слободан Милошевиќ, Мирјана Марковиќ има сериозни проблеми со срцето и поради тоа сака да се врати во Србија, пишуваат медиумите во Србија.

– Мира има сериозни проблеми со срцето. Исцрпена е, уморна, понекогаш слабо диши, а кога на тоа ќе се додадат и годините, не е ништо чудно – велат нејзините пријатели.

Таа претходно изјави дека би сакала да се врати во Србија и се надева дека во тоа може да и помогне претседателот на Србија Томислав Николиќ.

Марковиќ е во Москва од февруари 2003 година, кога во Србија беше обвинета за малверзации и денес е на црвената листа на Интерпол.

– Мира сака да умре во Србија. Времињата се сменија, а таквите одлуки најчесто се работа на политичка волја. Исто е и со Богољуб Кариќ – изјави лидерот на СПС Ивица Дачиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top