Ли Куан Ју, првиот премиер на Сингапур, градот-држава во југоисточна Азија кој стана центар на глобалната трговија и финансии, почина на 91 годишна возраст.
Кабинетот на премиерот на Сингапур, кој всушност му е син на Ли Куан Ју, соопшти дека тој починал во болница во Сингапур каде што од минатиот месец се лечел од тешка пневмонија.
Тој ја водеше земјата од 1959 година до 1990 година. Сингапур во 1963 година доби независност од Британија, а во 1965 се одвои од Малезија. Ли Куан Ју го трансформираше малиот пристанишен град во економски џин и премиерската функција ја извршуваше 31 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.