Претставници на руското Министерство за вонредни ситуации ги демантира информациите дека помладиот син на поранешниот претседател Виктор Јанукович загинал во сообраќајна несреќа на Бајалското езеро.
-Меѓу загинатите и повредените нема никој кој се презива Јанукович, вели за агенцијата „Тас“ портпаролот на спасувачкиот тим.
Тој потврди дека несреќата се случила пред два дена кога минибус во кој имало шест лица пропаднал низ лед.
Портпаролот посочил дека сите шест лица се идентификувани, но нивните имиња нема да бидат јавно објавени.
Украинскиот пратеник Нестор Шуфрич на социјалните мрежи напиша дека во несреќата настрадал Виктор Јанукович (33).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.