Политичкиот аналитичар Александар Пандов на трибината на Граѓанското движење за одбрана на Македонија порача дека Македонецот ја препознава вистината и нема да дозволи да биде нарушена безбедноста на нашата држава.
-Скопје и скопјани секогаш кога безбедноста на Македонија е загрозена биле најгласни за одбрана на својата татковина. Македонија овој пат е нападната од домашни шпиони и предавници во соработка со странски служби, со сериозна поддршка на медиумите на СОРОС и нивните платеници, вели Пандов.
Тој воедно посочи неколку факти од аферата „Пуч“ кои што јасно укажуваат на тоа која е вистината.
-Имаше шест осомничени, од кои што шестоосомничениот е веќе осуден во договор со обвинителството на РМ. Тој има признаено дека има прислушкувано по наредба на Верушевски и подоцна преку петоосомничениот материјалите ги дава на Верушевски, кој подоцна ги проследува на странска служба, за сето тоа биле наплаќани дебели пари, вели Пандов.
Според Пандов нема повеќе дилеми за вистината, бидејќи постои признание за тоа.
Како што самиот изјави, СОРОС е најопасната појава во Македонија, односно оние кои што сакаат да ја дестабилизираат државата, да ги наруши инситуциите, ја имаат најголемата поддршка токму од СОРОС.
Луѓето платени од оваа организација преку своите медиуми го трујат македонскиот народ, а дури се појавија и на „Ал Џезира“ каде плукаа по македонија, по институциите, ја прикажаа нашата држава како да е на раб на граѓанска војна и воедно сакаат да предизвикаат меѓуетнички конфликт, порача Пандов.
Тој вели дека Македонецот ја препознава вистината и дека нема да дозволи некој да ја наруши безбедноста на оваа држава.
-Овој пат цела македонска јавност ќе излезе на улица и ќе ги фатиме и како фекалии ќе ги фрлиме во Вардар, па овој пат Заев наместо пешки ќе може по воден пат да оди до Грција. Овие трибини кои ги одржуваме секаде се масовно посетени и тоа е доказ дека Македонецот ја пепознава вистината, вели Пандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пандов: Катица крајно опуштено не потсети дека во државава постоела и постои една група на лоши момци кој по правило се наоѓаат во раководството на ВМРО-ДПМНЕ!
-
Пандов: Пратеници од СДС, кога виделе колкава пара се врти и нуди за гласање, бараат и тие да бидат парично „појачани“
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Пандов: Заев зошто ги малтретираш луѓето по сонцево, кога планираш да бегаш од референдум? Вака ли во ЕУ ќе одиме?(видео)