| четврток, 6 декември 2018 |

Eксл Роуз му скршил два заба на посетител на концерт во Австралија

Водачот на групата „Ганс енд роузис“, Ексл Роуз, без да сака, со микрофонот му скршил два заба на еден обожавател за време на концерт во Австралија.

Дарен Рајт бил удрен на крајот на концертот во градот Перт кога Ексл го фрлил микрофонот во публиката. Микрофонот го погодил право во устата, по што му ги скршил двата предни заба.

– Стоматологот ми рече дека поправањето на забите ќе ме чини 3.500 британски фунти. Не можам да си го дозволам тоа – изјавил Рајт, кој сега ќе го тужи Ексл Роуз.

Организаторите на концертот му предложиле на 39-годишниот Рајт да ги покријат трошоците за поправка на забите и да му го подарат микрофонот за спомен, но малку е веројатно дека тој ќе се задоволни со толку мал надомест.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top