| четврток, 6 декември 2018 |

Анкети: Граѓаните на Крим повеќе сакаат да останат да живеат во Русија

кримНајновите анкети покажуваат дека жителите на Крим повеќе сакаат да останат дел од Русија, пренесува американскиот магазин „Форбс“.

Мина една година од анексијата на Крим, пишува „Форбс“, а жителите на Крим, без разлика дали се Украинци или Руси, се согласни дека животот во Русија им е подобар отколку животот во Украина.

Магазинот ги пренесе резултатите од анкетите што ги спроведоа истражувачките агениции од Запад, меѓу кои и Галуп.

Руската агенција ТАСС известува дека анкетите се направени во јуни 2014 година и во февруари годинава, како и дека резултатите не се многу сменети.

Анкетите на западните рејтинг агенции покажаа дека повеќе од 80 отсто од граѓаните на Крим сметаат дека имаат право на обединување со Русија, пренесе порталот Спутњик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top