| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ подготви нови санкции за кримски функционери

Европската унија (ЕУ) во вторник одлучи да воведе санкции на неколку истакнати лица обвинети дека со своето дејствување на Крим, што беше анектиран од страна на Русија во 2014 година, го кршат суверенитетот на Украина.

Идентитетот на лицата што ќе се најдат под санкции ќе биде откриен во среда на официјалната страница на ЕУ, со што ќе почне примената на санкциите.

Како што соопшти еден европски извор, станува збор за шестмина кримски пратеници кои на парламентарните избори во септември беа избрани во Думата, долниот дом на рускиот парламент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top