Станија Добројевиќ, која на почетокот на март се врати во Србија, морала да ја напушти Америка бидејќи добила отказ во Атлантик Сити, каде работеше како хостеса во една позната коцкарница.
Како што пренесуваат медиумите, поради финансиската криза за сопственикот да се извлече од долгови, бил принуден да го згасне ланецот на казина, а сите вработени како последица на тоа останале без работа.
Српската старлета, така, како и сите нормални луѓе се нашла на улица, па одлучила да се врати дома.
-Генерално, во Атлантик Сити економијата не е повеќе така добра и банкротираа многу важни казина во кои се вложени милијарди. Знам дека некои коцкарници кои добро работеа се откупено за помалку пари и дека повторно ќе се отворат. Што се однесува на мене, јас сум добра, но не сакам повеќе да сум таму. Од менаџерот имав понуда да се префрлам во Лос Анџелес, во веќе преговарам со една модна куќа да бидам моден менаџер и треба да почнам на обука во Њујорк. Работата во казиното беше супер за да заработам повеќе пари за време на студирањето, но сега е време да работам нешто во мојата област, дипломиран економист, вели Станија и нагласила дека веќе во Србија започнала приватен бизнис за дизајнирање круни и органска козметика.
Старлетата вели дека не се откажала од Америка и дека пред летото повторно ќе се врати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.